Press "Enter" to skip to content

Во Битола 185 нови позитивни на ковид-19, оздравени 115, активни се 1.613 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2.341 нов случај на КОВИД-19, од Битола се 185.

Регистрирани сe 1.470 оздравени пациенти од Битола се 115.

До сега во Битола има 12.222 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.613 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице, нема од Битола.

Направени се во Битола 210 тестови преку ЦЈЗ Битола 108 и преку “Плодност“ 102.

Досега во земјата се направени вкупно 1.755.926 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856.