Press "Enter" to skip to content

Во Битола 150 нови позитивни на ковид-19, оздравени 70, починати 2 лица, активни 1.691 случаи

Во последните 24 часа од направени се 6.119 тестови, регистрирани се 2,019 нови случаи на КОВИД-19, починале 19 лица, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, а од Битола се 150.

Регистрирани сe 973 оздравени пациенти, и тоа од Битола се 70.

До сега во Битола има 12.372 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.691 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 15 починати лица, 2 починати лица од Битола  на возраст по 84 години.

Досега во земјата се направени вкупно 1.762.045 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.

More from ВестиMore posts in Вести »