Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сопруг нападнат од сопруга, сопруга нападната од сопруг, каснување од куче скитник

На 26.01.2022 во СВР Битола 51 годишен маж од Битола пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе следува поднесок.

На 25.01.2022 во СВР Битола жена од с.Ивањевци пријави дека во нејзиниот дом во село Ивањевци била физички нападната од нејзиниот сопруг. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.01.2022 во СВР Битола С.С. (43) од Битола пријави дека на ул. „Тошо Даскало“ во Битола бил каснат од куче скитник.