Денес, четврток, 27 јануар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне со умерена до значителна облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Температурата во Битола до 4 степени.
Утре, петок, 28 јануар, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло, попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот и во текот на ноќта можни врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 9 степени.






