Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 104.
Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од Битола е 1.
До сега во Битола има 12.699 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.368 лица.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 24 починати лица, едно починато лице од Битола на возраст од 81 година.
Во Битола направени се 193 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 116 и преку “Плодност“ 77.
Досега во земјата се направени вкупно 1.779.972 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 266.937, бројот на оздравени пациенти е 239.666, на починати е 8.362, а бројот на активни случаи изнесува 18.909.






