Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 87.
Регистрирани сe 28 оздравени пациенти, нема од Битола.
До сега во Битола 12.786 лица биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.454 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 21 починато лице, едно починато лице е од Битола на возраст од 78 години, починато во болнички услови.
Во Битола направени се 168 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 103 и преку “Плодност“ 65 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.785.054 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114.






