Press "Enter" to skip to content

Додека омикрон се шири, за патување обезбедете патничко осигурување со покритие за Ковид во “СН Осигурителен брокер“

Во услови кога поради омикрон варијантата, бројот на заболени од Ковид 19 драстично расте, како во земјата, така и во светот, доколку се подготвувате за патување навреме обезбедете здравствено патничко осигурување со покритие од Ковид-19.

“СН Осигурителен брокер“ нуди полиса за здравствено патничко осигурување со дополнителна заштита од Ковид-19 и без временско ограничување.

Во услови кога пандемијата на корона висурот веќе предолго трае, а луѓето сакаат да се вратат во нормала, вклучувајќи ги и патувањата, здравственото патничко осигурување нуди дополнителна заштита со оглед на тоа што здравствените трошоци поради Ковид 19 можат да бидат доста високи.

Петтиот бран на пандемијата со Ковид-19 предизвикан од омикрон-сојот, кој многу лесно се пренесува, веќе доведе до драстично високи бројки на позитивни и болни.

Сега се појави и подваријантата BA.2, чие постоење е веќе докажано во повеќе од 40 земји, пишува Deutsche Welle. Брзото ширење на оваа подваријанта сугерира дека би можело да биде уште позаразна од првата варијанта на сојот омикрон BA.1. 

Според последните податоци на Министесрвото за здравство на Република Северна Македонија досега во земјата се направени вкупно 1.762.045 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИДдијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.