Press "Enter" to skip to content

Фото вест: волци растргнаа ловечко куче на каналот

Волци кои се слезени по потрага на храна во подножјето на Баба Планина растргаа ловечко куче на каналот на “Стрежево“ над Битола, на надоморска висина од околу 900 местри, кај собирниот канак кај село Ореово.Искусниот планинар Драган Ристевски, од Битола, кој скоро секојдевно е на каналот вели:

-Во зима во потрага по храна животните поради високиот снег, слегуваат не само по каналот, туку имало случаи кога се гледани, како велиме и до асфалтот над Битола. Волците го имаат бркано ловечкото куче кое најверојатно гонело диви свињи, а потоа го нападнале и растргнале. Ова го велам поради тоа што ловџиите од овој реон ми рекоа дека немале изгубено куче, но некоја друга група се распрашувала дали имаат сретнато ловечко куче.Имало и порано вакви случаи, а животни има многу во овој период во подножјето. Тука кај соборниот канал во долот има мечка која има свое живелиште, редовно доаѓаат лисици и диви зајаци, а може да биде опасно качувањето кон Неолица по каналите поради тоа што по нив се движат дивите свињи, кои ги има многу, а слегуваат и до Тумбекафе, додава Ристевски.

More from ВестиMore posts in Вести »