Press "Enter" to skip to content

Во Битола 602 оздравени пациенти, 17 нови позитивни, починато едно лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.197 тестови, а регистрирани се 711 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 17.

Регистрирани сe 7.170 оздравени пациенти од Битола се 602.

До сега во Битола има 12.804 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 869 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 22 починато лице, едно починато лице од Битола на возраст од 84 години, починато во болнички услови.

Во Битола направени се 10 тестови во “Плодност“.

Досега во земјата се направени вкупно 1.788.251 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628.