На синоќешното заседавање на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ избран е новиот, Извршниот комитет на партијата, а од Битола во Извршниот Комитет повторно доверба, чест и одговорност да ја претставува доби д-р Олга Лозановска.
Лозановска е актуелен пратеник во Собранието на Македонија, претходно советник во Советот на Опптина Битола, а по професија е лекар специјалист-интернист.






