Press "Enter" to skip to content

Во Битола 98 нови позитивни на ковид-19, оздравени 88 пациенти, починато едно лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.667 тестови, а регистрирани се 1.543 нови случаи со КОВИД-19, 18 починати лица и 1.961 оздравен пациент, соопшти Министерството за здравство, од Битола се 98.

Регистриран e 1.961 оздравен пациент од Битола се 88.

До сега во Битола има 13.023 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 996 случаи.

Од вкупно 18 починати едно починато лице е од Битола на возраст од 84 годни, починато во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 1.798.697 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 272.437, бројот на оздравени пациенти е 249.631, на починати е 8.470, а на активни случаи изнесува 14.336.