Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со официјални податоци за сообраќајката кај Кравари, приведувања, физички напади

На 03.02.2022  во 14.39 часот  на ул.„Воден“, во близина на  бензинска пумпа во Битола, кај „Краварски пат“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А7“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(20) од с.Жабени, битолско и автобус „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(52) од с.Јанковец, ресенско, при што удриле во паркирано влечно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Б., а со телесни повреди возачот Б.Б. и патниците во автобусот Љ.Д.(25), Г.С.(48) и Ф.Ѓ.(31), тројцата од с.Јанковец, ресенско, Ј.Н.(42) од с.Златари, ресенско, С.Ј.(50) и С.Ј.(50) од с.Лева Река, ресенско, Ф.З.(52), И.М.(40), А.К.(28), М.Н.(47), Б.Г.(28) и В.П.(66), Н.Ѓ.(60), Ж.Ц.(51), Љ.А.(60), И.Р.(57), В.П.(42) и А.Б.(37), сите од  Ресен, како и Ф.Т.(25) и Е.Т.(50), двајцата од с.Избишта  ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. 
 
На 04.02.2022 полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 32 лице од с. Дихово, битолско, бидејќи кај него било пронајдено и одземено пакување со марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна  пријава по член 215 од Кривичниот законик.      
 
На 03.02.2022  во СВР Битола, Х.М. (23) од Битола пријави дека на ул.„Караорман“ во Битола  бил физички нападанат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.      
 
На 03.02.2022 во СВР Битола, Т.И. (47) од Битола пријави дека во угостителски објект во близина на Железничката станица во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.