Денеска, 5 февруар, од страна на Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на РСМ, беше реализирана превентивна активност во ски-центарот “Ниже Поле“.
На битолчани и на граѓаните од другите општини кои денес беа на скијање во ски-центарот “Ниже Поле“ на “Стрежево“ од Битола во рамките на проектот им беа промовирани проектите “Вози одговорно, патувај безбедно“, “Биди подготвен за безбедно патување во зима“, и проектите на Отсекот за превенција “Полицијата и граѓаните заедно“, “Безбедно во сообраќајот“,“ Внимателна заедница безбедна заедница“ и Превенција од кражби“.
Полицајците од СВР Битола кои работат во секторот за превенција на посетителите им поделија летоци, освежувачи и други материјали со соодветни пораки за подигање на свеста и почитување на сообраќајните правила, но и другите законски обврски.

Секторот за превенција при СВР Битола со активности на ски-патеката “Ниже Поле“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија
- Розов Октомври: Зад секоја дијагноза има приказна
- Потврдено пријателството старо 50 години помеѓу Битола и Херцег Нови
- СВР Битола: повреден работник на ЕВН, приведен возач на мопед – возел без возачка, пронајдена стара граната
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола





