Press "Enter" to skip to content

Утре, недела, скијање и забава на Бегова Чешма и Копанки

Под слоганот “Оваа недела сите на Пелистер!“  утре битолчани и гостите од другите градови ќе поминат прекрасен ден на Пелистер. Гостите, љубителите на планината покрај скијањето на ски-патеката “Копанки“ ќе имаат прилика да се забавуваат и да поминат прекрасен ден на сонце и чист воздух.

Организаторите на целодневниот настан се хотелот “Молика“, “Hot Box“, “Стикери“ и ПСК “Пелистер“ покрај за скијањето на беспрекорно подготвената ски-патека се погрижија и за забавата, а гостите ќе ги забавуваат и два ди-џеи.

DJ Chiko ќе се погрижи за атмосферата на сончевата платформа на Бегова Чешма, а на Копанки пред “Hot Box“ за музиката ќе се погрижи DJ Boc.a.

Организаторите ги покануваат сите и добредојдени се сите кои сакаат да уживаат во супер атмосфера, одлична забава и прекрасна дружба, но упатуваат и посебен апел кон гостите поради тоа што очекуваат голема посетеност, возилата да се паркираат само на една страна од коловозот од пристапниот пат до хотелот “Молика“, како сите заедно да обезбедиме непречено одвивање на сообраќајот во двата правци.