На 06.02.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола лишено е од слобода 22 годишно лице од Битола, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.






