Press "Enter" to skip to content

Во Битола 76 нови позитивни на ковид-19, оздравени 129, активни 528 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.824 тестови, а регистрирани се 1.409 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 76.

Регистрирани сe 1.455 оздравени пациенти од Битола се 129.

До сега во Битола има 13.545 лице кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 528 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица, нема од Битола.

Во Битола се направени се 140 тестови, преку ЦЈЗ Битола 95 и “Плодност“ 45.

Досега во земјата се направени вкупно 1.834.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 283.547, бројот на оздравени пациенти е 263.196, на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665.