Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.996 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 67.
Регистрирани сe 1.247 оздравени пациенти од Битола се 35.
До сега во Битола има 13.612 лица кои биле или се позитвни на ковид-19, а активни има 560 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица, нема од Битола.
Направени во Битола се 146 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 95 и преку “Плодност“ 51.
Досега во земјата се направени вкупно 1.838.584 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 284.875, бројот на оздравени пациенти е 264.443, на починати е 8.705, а бројот на активни случаи изнесува 11.727.






