Кугларите на Пелистер 1982, овој викенд ќе го помине во Војводина, Србија, а кугланата во Битола ќе ја заменат со две куглани, а ќе ги одмерат силите со две екипи.
Овој викедн кугларите од Битола, ќего искористат за подготовки и контролни пријателски натпревари. Во сабота ќе куглаат против суперлигашот Јединство од Нови Бечеј на кугланата во Бачка Топола, додека во недела битолчани ќе ги измерат своите сили со клуб од Војводинската лига, Кљаичево од истоимениот град на тамошната куглана.
Се работи за исклучително квалитетни екипи и места кои традиционално со децении продуцираат кугларски квалитет од светска класа што ќе биде предизвик за битолските куглари.
Битолскиот клуб не може да отпатува во полн состав, ќе недостигаат во составот Андоновски, Трајчевски, Колев, Ристески, но првотимците Михајловски, Поповски, Димовски, Арслановски, како и Спирковски ќе ја имаат приликата да ги покажаат своите вештини на две различни куглани.
Паузата во домашната лига ќе биде квалитетно искористена за подигнување на формата на дел од играчите и можеби најбитното градење на потребното меѓународно искуство и самодоверба на младиот Арслановски кој е главен претендент за настап на Светското поединечно првенство до 18 години во Естонија во мај оваа година.






