На 10.02.2022 во 23.50 часот на ул. „Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 29 годишник од Битола. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво по чл.236 од Кривичниот законик. Кај него се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичното дело и се вратени на сопственикот. Тој е приведен во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2022 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле откриени и санкционирани 35 возачи.






