На иницијатива на Здружението на дијабетичари на општина Битола, Градоначалникот Тони Коњановски, денес одржа работен состанок со претставници од ова здужение, претставници на компанијата “Ново Нордиск“ од Скопје, фармацевти и доктори. На средбата, на која присуствуваше и пратеничката д-р Олга Лозановска, беше образложена иницијативата, општина Битола да биде првата општина каде ќе се спроведува програмата за повраток на инсулинските пенкала, како начин за повраток и менаџирање на инсулинскиот отпад.
-Загадувањето на животната средина е резултат на човечката активност во воздухот, водата или почвата, кое штетно влијае на животот и здравјето на луѓето. Лицата кои живеат во состојба на дијабетес и се корисници на инсулин, користат пластичен производ за еднократна употреба и тој е постојан нивни придружник, кој живот значи, а инсулинските пенкала завршуваат во општиот отпад во домаќинствата, што секако не треба да биде трајно решение. Со реализацијата на овој предлог ќе се постигне заштита на животната средина, а инсулинските пенкала ќе доживеат втор живот во областа на индустријата во облик на различни производи, беше нагласено од страна на претставниците на здружението и компанијата на денешниот состанок.

Дијабетичарите побараа повраток на инсулинските пенкала и менаџирање на инсулинскиот отпад
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија
- Розов Октомври: Зад секоја дијагноза има приказна
- Потврдено пријателството старо 50 години помеѓу Битола и Херцег Нови
- СВР Битола: повреден работник на ЕВН, приведен возач на мопед – возел без возачка, пронајдена стара граната
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола





