Денес, недела, 13 февруар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде прeтпладне облачно, со слаб дожд. Попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 7 степени.
Утре, понеделник, 14 февруар, во Битола времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 10 степени.






