Семејството Димовски од Битола, веќе шеесетина години поседува лозје во атарот на село Раштани, денеска, како и сите шеесет години наназад, со зарежување на лозовите насади, свечено го одбележаа православниот, христијански, празник Свети Трифун.
На утринската посета на лозјето највозрасниот Иљо го зарежа лозјето, а претходно во црква со синот Дејан запалија свеќа и се помолија за здравје и родна година. Потоа од зарежаните прачки симболично “сплетија“ и крст кој го поставија на влезот во лозјето. По православниот адет, зарежување на лозјето, домаќините приредија мала гозба за пријателите кои секоја година доаѓаат во лозјето и им посакуваат ними, родна и успешна година, за околу 1.000 килограми грозје колку “тежи“ годишната берба.
-Се надевам дека и моите внуци ќе ја продолжат оваа традиција, а тие ќе бидат и новата генерација која не само ќе продолжат со одгледување на лозјето, туку и со оваа македонска, православна традиција во чест на светецот, заштитник на лозарите Св. Трифун, вели Иљо.
С.Ристевски






