Press "Enter" to skip to content

“Стрежево“ кај браната ќе гради фотоволтаичната централа од 1 мегават

Директорот на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски, денес престојуваше во Битола и оствари работна посета на Јавното претпријатие “Стрежево“ од Битола, каде  имаше средба со директорот на претпријатието Методија Граматковски. Се дискутираше околу поттикнувањето на користење на енергија од обновливи извори, преку соодветни и ефикасни мерки, како и искористувањето на енергетскиот потенцијал, заради обезбедување на поголема сигурност во снабдувањето со енергија.Подетално се направи анализа околу степенот на искористувањето за производство на електрична енергија од 5 – те хидроцентрали, со кои стопанисува хидросистемот “Стрежево“. Најголем акцент на средбата се стави околу изградбата на фотоволтаичната централа со снага до 1MW, која треба да се изгради на сопствено земјиште на локацијата “Брана“. За фотоволтаичната централа е изработен проект, а истиот се наоѓа во фаза на одобрување пред надлежните институции.