Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен дилер, физички напад, со “опел“ повреден пешак, сообраќајни контроли

На 15.02.2022, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија за дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола лишиле од слобода 42 годишник од Битола. При преглед во возило „ауди“, кое го управувал приведениот, бил пронајден и одземен амфетамин. При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана. Лицето е приведено во полициска станица, за случајот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.   

На 15.02.2022 во СВР Битола, А.М.(24) од Битола пријавил дека на ул.„Козјак” во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за  расчистување на случајот.

На 15.02.2022 во 10.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на бул.„1-ви Мај“ во Битола, патничко моторно возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 37 годишник од Битола, удрило во пешак на возраст од 56 од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Битола.

На 15.02.2022 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 24 возачи за пречекорување на максималната дозволена брзина.