По две години учениците се вратија во клупите на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола, по паузата поради изведување на наставата во далечинина поради ковид-19 кризата, а првото полугоди поради изведување на реконзтрукцијата.
Вчера од гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола информираа дела по извршениот увид од страна на Комисијата од Министерството за транспорт и врски, добија дозвола за употреба на училиштниот објект. Со тоа се исполнети условите за почеток на настава со физичко присуство, со што, од денес се започнува со настава.Гимназијалците според распоредот од I и III година претпладневна смена ја започнаа во 7,15 а II и IV год. попладневна смена ќе ја започнат во 13,15 часот.
Сите ученици да бидат во училиштето, најмалку 15 мин. пред почетокот на наставата, со почитување на протоколите за изведување на настава со физичко присуство, како би се однесувале одговорно кон своето и здравјето на другите, стои во информацијата.