На 17.02.2022 на ул.„Север – Југ “ во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола го лишиле од слобода 29 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






