Press "Enter" to skip to content

Втор протест во Битола поради скапите горива, блокиран Булеварот од двете страни

Како што најавија членовите на “Кар клубот Битола“ како организатори на првиот протест поради високите цени на горивата, денес на пладне го одржа вториот протест. Протестот  го направија со блокирање на Булеварот 1-мај од двете страни, а сообраќај не се одвиваше од Судскиот мост се до кружниот тек кај Педагошката академија. Полицијата го регулираше сообраќајот во овој дел на градот.

На овој начин членовите на “Кар клубот Битола“ заедно со други битолчани и членови на вакви клубови од други градови од Македонија го искажаа револтот поради тоа што како рекоа им било оневозможено нивното работење.  Претседателот на “Кар клубот Битола“ Александар Станковиќ за денешниот протест рече:

-Како што најавивме дека овие собири и протести ќе бидат почести. Овој пат тука сме многу побројни, а се надевам дека се повеќе ќе се разбуди свеста кај народот. Денеска ни се придружија повеќе клубови за поддршка. Знаете дека тука сме поради високите цени на горивата и нивно постојано зголемување. Бараме да се излези во просрет, да се намали цената на горивата, бидејки како кажавме, поради тие цени се друго во државата се зголемува, а сите цени кои се зголемуваа првично се зголемуваат поради цените на горивата.