Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување заради убиство и сообраќајни контроли

Денеска (21.02.2022), во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 62 годишно лице од Битола затоа што околу 05.55 часот во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил 44 годишник од Битола, кој починал на местото. Според пријавеното, претходно убиениот со употреба на сила влегол во куќата на приведениот и со остар предмет се заканувал на ќерката на која е негова поранешна сопруга. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.  

На територијата на СВР Битола спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 122 возачи. Од нив 37 на територија на Ресен, 36 на територија на Битола, 30 на територија на Прилеп….  Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
More from ВестиMore posts in Вести »