Денес, понеделник, 21 февруар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и јужен правец. Температурата во Битола до 19 степени.
Утре, вторник, 22 февруар, во Битола времето ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 6 степени.






