Press "Enter" to skip to content

Победен Шафхаузен во Битола, Еурофарм Пелистер се зацврсти на второто место во ЕЛ во “Д“ групата (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен 27:26 (15:12)

Екипата на Еурофарм Пелистер на свој терен во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ забележа голема победа над швајцарскиот Кадетен Шафхаузен во резултат 27:26, полувреме 15:12, во рамките на “Д“ групата од Европската лига. Оваа победа која е во 8. коло е голем исчекор за “пелистерци“ кон освојување на најмалку второто место.Натпреварот запопна во одлична ракометна атмосфета во Битола, изедначено, а двете екипи погодуваа за гол за гол. Први со +2 поведоа гостите 4:6, па реми на 6:6. “Пелистерци“ имаа +2 на резултат 10:8, а на одмор се замина со 15:12. Раинер Табоада, Јосип Периќ  и Мирко Радовиќ ја набилдаа разликата од +3.Второто полувреме започна во знак на швајцарците, прво дојде на -1 (16:15), а потоа и изедначија на 17:17. Следуваа два гола на Мандалиниќ со два гола и две одбрани на Кизиќ за позитива од 19:17. ). Со одличен гол на Граџан беше 24.20, но следуваа неколку грешки бепе 26:24. Во последната минута беше 26:25, но со голот на Периќ беше заверена победата.Јосип Периќ постигна со седум гола, Раинер Табоада 6,  Мандалиниќ 5, а Радовиќ 4 гола кај Еурофарм Пелистер.Следниот натпревар Еурофарм Пелистер ќе го игра на  стартот на месец март кога гостува кај Татабања.

[ngg src=”galleries” ids=”908″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]