Press "Enter" to skip to content

Мирен протест пред Основниот суд, дедото го убил поранешниот зет во самоодбрана вели синот на осомничениот Тони

Стотина битолчани денес на пладне протестираа пред Основниот суд во Битола и бараат слобода за Тони Ѓорѓиевски – Фердо кој во одбрана на своето семејство го уби зетот од ќерка, кој од вчера е во притвор откако ОЈО го сомничи за убиство, поради постоење на опасност за  бегство  и влијание врз сведоци.Синот на притворениот Ѓорѓиевски, Јове Ѓорѓиевски на денешниот мирен протест рече дека бараат неговиот татко да се брани од слобода и да му се укине притворот, а за немилиот настан рече:-Убиството се случи во самоодбрана, дојде со намера да не отепа. Проблемот го имавме повеќе од 20 години, а пријавувавме во полиција. Ние не криеме ништо, ќе ја кажеме целата вистина, а се е снимено безбедносните камери кои ги имаме дома и снимката ќе ја покажеме.  Татко ми си ја бранеше фамилијата, бидејќи пред да се случи ова сестра ми имаше закани и од својот дом буквално со трчање дојдоа кај нас. Немаше друго решение јас бев буквално до татко ми, кога ја скрши вратата видов зомби, не човек, не нападна со ножот, пукна татко ми со пиштолот, падна на земја и толку, а за одредениот притвор на татко му додаде:

-Ако сакавме има бегство немаше лично да повикам полиција и брза помош, никој не виде, а сами пријавивме. Ако не пукаше татко ми, сега ќе имаше многу жртви, и татко ми и јас и другите, а убиениот беше подготвен и децата да си ги отепа. Сакам одговор од судиите како би постапиле тие кога би гледале дека некој ви го напаѓа чедото и сака да го отепа.И останати членови на семејството Ѓорѓиевски беа на протестот и рекоа дека сакаат да упатат благодарност за поддршката и најавија нови протести пред Судот, а Дејан Ѓорѓиевски, дел од семејството рече:

-Јас ја очекував поддршката од битолчани, зошто нашата фамилија се чесни луѓе, а сите знаат за убиениот каква личност беше. Ќе одиме на нови мирни протести и ќе бараме правда, а имамвме и контакти со Хелсиншки комитет и бараме да се ослободи Тони.