Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сообраќајка помеѓу два “голфа“ повреден сопатник

На 22.02.2022 во 18.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Васко Карaнгелевски“, ул.„13-ти Јули“ и ул.„Младински бригади“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 60 годишник од Битола и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 22 годишник од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од второто возило, на возраст од 23 години од Битола констатирани во Клиничка болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.