Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 го победи Охрид за потврда на 3. место на табелата

Охрид – Еурофарм Пелистер 25:28 (15:15)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола гостуваше во Охрид каде ја победи истоимената екипа со 25:28 и со новите бодиви го потврди 3. место на табелата по завршувањето на регуларниот дел од Супер лигата и ќе стартува во плеј-офот.

“Пелистерци“ добро го започнаа натпреваро, а на средина на полувремето во 15. минута беше +2 (5:8).  Охрид не реализира неколку напади и Еурофарм Пелистер 2 дојдо до +4 (6:10). По тајм-аутот на Охрид, “рибарите“ израмнија на 10:10, а потоа “пелистерци“ се вратија на +3 (10:13), а на одмор се отиде со реми 15:15.

Второто полувреме започна во знак на домаќините, а имаа предност од плус еден до два гола. Пелистер по десетина минути се врати разултатски и дојде повторно до +2 (20:22). Таа предност ја имаа до 55. минита 23.25, а до крајот на натпреварот Охрид не најде начин да направо пресврт, до конечни 25:28.

Најфикасен на Еурофарм Пелистер беше Емилијан Ѓорѓоски со 9 гола, пред Ѓукиќ со 5,  а Благојче Трајковски имаше 11 одбрани.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »