Press "Enter" to skip to content

Ненад Костески: чувствуваме замор поради корона-кризата, но денес ќе играме со поголем број ракометари

Денес екипата на Еурофарм Пелистер во Унгарија го игра реваншот против екипата на Татабања, во рамките на Европската лига. По неиграњето на неколку натпреаври во тимот од Битола се враќаат болните Божиќ Павлетиќ, Мараш и Ојлески, кои не настапија против Кадетен Шафхаузен. Но во тимот се уште ќе ги нема Велковски, Обрадовиќ и Табоада, кои не се во Татабања, останаа во Битола.

Ненад Костески за денешниот натпревар вели:

-За разлика од претходните сезони, оваа е доста поуспешна и на добар пат сме да бидеме уште подобри: На добар пат сме, се подготвуваме, ги анализираме следните противници и во добра серија сме. Ме радува тоа што одиме во нагорна линија и имаме шанси за првото место во групата. Сега тоа прво место ни е цел. Зошто да не се обидеме, ако можеме да го обезбедиме. Се подготвуваме за Татабања, веќе ги анализираме и можам да кажам дека се работи за сериозна екипа, иако не обезбедија пласман во следната фаза на ЕХФ Лига Европа. Не смееме никако да ги потцениме, тие се екипа која трча и која има добри индивидуалци кои играат „еден на еден“. Ни останаа уште неколку дена да се подготвиме, но ве уверувам дека ќе играме на победа. Имавме корона-проблеми, ростерот ни беше скратен и некои натпревари ги одигравме со помала ротација. Се чувствува замор, но ќе заборавиме на него, еве се враќаат неколку ракометари кои ни недостигаа на претходните натпревари и ќе имаме поголем ростер за ротација против Татабања.

More from ВестиMore posts in Вести »