Press "Enter" to skip to content

Дневна болница со интернистички кабинет во хосписот “Сју Рајдер“ во Битола

Денес, во рамки на хосписот “Сју Рајдер Битола“ беше официјално отворена Дневната болница со интернистички кабинет, како нова единица каде и надворешни пациенти ќе имаат можност да користат специјализирана палијативна здравствена заштита преку системот на “Мој Термин“.

На свеченото отворање ба присутни Салија Љатиф-Петрушовска, директор на Jавната здравствена установа Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ – Скопје под чија надлежност е хосписот во Битола, раководителот во Битол Оливер Грамоски, заменик министерот за здравство д-р Владимир Рендевски кој и во употреба ја пушти дневната болница и дриги гости.Реконструкција на новите простории со 10.000 евра финансики ја помогна претходната локална самоуправа, а со оглед на тоа што во овие хоспис центри се згрижуваат пациенти на кој им треба долготрајна нега и грижа ова е вистински чекор напред посебно во услови на пандемија.

-Во овие хоспис центри се лекуваат и згрижуваат пациенти на кои им треба долготрајна грижа и нега, особено во ковид пандемија нивното лекување, контролни прегледи е доста отежнато кога треба да се префрлуваат од стационарниот дел во одредени специјалистички амбулати и останатите здравствени установи, ова е олеснување и за пациентите тука згрижени, рече Рендевски.-Денес, го официјализиравме отварањето на Дневна болница со интернистички кабинет во рамки на хосписот “Сју Рајдер“ во Битола. Би сакала да изразам голема благодарност до Наташа Петровска, која за време на нејзиниот мандат -градоначалник на општина Битола, ја препозна потребата на институцијата и додели парични средства во износ од 10.000 евра, додека останати средства за опрема и финализирање на дневната болница се обезбедени преку Црвен крст на град Скопје односно американска црква од Охајо и дел се сопствени средства на установата, рече на отворањето Салија Љатиф-Петрушовска.

Одделите за палијативна грижа Сју Рајдер Скопје и Битола, функционираат веќе 20 години и во истите се спроведува палијативната заштита на пациентите, кои најчесто се со малигни заболувања во терминален стадиум или други хронични болести исто така во терминален стадиум. Капацитетот на сместување во двата хосписа изнесува 150 болнички кревети, поедничено во секој хоспис по 75 кревети и ова е единствената јавна специјализирана здравствена установа која спроведува палијативна и геријатриска здравствена заштита велат дека освен згрижените пациенти услугите ќе можат да ги користат и надворешните лица.
More from ВестиMore posts in Вести »