Press "Enter" to skip to content

По еден век пауза се одбележа Св. Теодор Тирон во истоимениот манастир над село Граешница-Битолско (фото)

По пауза од век, 100 години, денес се одбележа верскиот празник посветен на Свети Теодор Тирон, кој се наоѓа во Потпелистерието, над село Граешница – Битолско. Овој зимски празник се одбележа за прв пат после обновувањето на манастирот и конаците и по тој повод се одржа  служба со чин на осветување на вода и кревање на лебна погача.И покрај тешката пристапност поради големата количина на снежна покривка, која на места е околу еден метар, сепак педесетмина верници, “се ветија“, безбедно се искачија и го одбележаа денот на манастирот кој за прв пат после еден век се слави денот на Свети Теодор-Тирон.По службата и осветувањето се одреди кумството за идната година, а ќе ги има шест мина, кои не само ќе ја организираат прославата на зимскиот празник, туку велат дека празнувањето на Војникот кој го брашеше Христијанството.Малиот манастирски комплекс сега е целосно обновен и реконструиран со помошта и донациите на мештаните кои се иселени пред долги години во далечната Австралија и Канада и преку тукашното семејство Митревски. Сите градежни работи ги извршија група верници помагатели со главен мајстор Зоранчо, како самите велат со Божја премисла и за слава на Бога.Инаку, Светиот великомаченик Теодор Тирон (тирон, значи регрут-војник) живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар Максимилијан кога е најжестока хајка против христијаните. Тогаш настрадал и светиот великомаченик Теодор, не сакал да се откаже од Христа. Во затворот не се уплашил од смртта туку пеел црковни песни поради што бил осуден на смрт со запалување, и бил запален на клада.  Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалак, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“. При ова, се јави мнозинство ангели во затворот и сиот затвор заблеска прекрасно, а затворските стражари ги видоа ангелите облечени во бело и мошне се уплашија. Потоа свети Теодор беше изведен и осуден на смрт. Го фрлија во оган и Му ја предаде својата душа на севишниот Бог. Пострада во 306 година.

Народот празнува уште еден празник посветен на овој светец. Тоа е Тодорова сабота, како што се вика првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка.

More from ВестиMore posts in Вести »