Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер на стартот на плеј-офот лесно го победи Тиквеш (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Тиквеш 30:25 (15:11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола. Гледачи: 1.000
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Ивановски, Мараш 2, Ојлески 3, Маџоски 1, Кукуловски, Мандалиниќ 4, Радовиќ, Танкоски 2, Костески 1, Куковски, Божиќ Павлетиќ 5, Граџан 4, Обрадовиќ 1, Табоада 7

Тиквеш: Стојаноски, Лазов, Дрогришки 6, Темелкоски, Велков 1, Соколов, Иванов, Стефановиќ 4, Гошевски 1, Милков, Кондев 5, Окардов, Коцев, Симиќ 3, Јанчев, Трпчевски 5.

Екипата на Еурофар Пелистер вечерва во Битола во рамките на 1. коло од ракометниот плеј-оф лесно, ја победи екипата на Тиквеш во резултат 30:25, полувреме 15:11 и ја оправда улогата на фаворит на овој натпревар. Денес играа Табоада и Обрадовиќ, а не играа Периќ, Маркоски и Велковски.Стартот на натпреварот беше во знак на “пелистерци“, но гостите од Кавадарци одржуваа резултатска рамнотежа, но на завршницата од полувремето со головите на Табоада и Мараш Еурофарм Пелистер направи +4 (15:11). Вториот дел започна со подобра игра во напад, отколку во одбрана на двата тима. “Пелистерци“ одржуваа 4-5 гола предност. Во 50. минута, Еурофарм Пелистер дојде до +8, за на крај да биде +5 или 30-25. Кај Еурофарм Пелистер најефикасни беа Табоада со 7 и Божиќ Павлетиќ со 5 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »