Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување на дилер, семејно насилство-нападната сопруга и ќерка, каснување од куче скитник

На 03.03.2022, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола  лишиле од слобода  34 годишно лице од Битола затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 03.03.2022 во СВР Битола, 47-годишна жена од Битола пријавила дека во семејниот дом нејзиниот сопруг на возраст од 56 физички ги нападнал неа и нивната малолетна керќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На  03.03.2022 во СВР Битола, Б.В.(69) од Битола  пријавил дека на ул.„Тошо Даскалот“ во Битола бил каснат од куче скитник.  

More from ВестиMore posts in Вести »