Комисијата за одржување на натпревари при скијачката федерација на Македонија која е организатор на денешната трка во слалом и скијачкиот клуб Пелистер од Битола донесоа одлука да се откаже.
Откажана е и градската трка која требаше да има ревијален карактер.
Причина за откажување се временските услови денес не дозволуваат одржување на натпревар во скијање, бидејќи во какви услови е намалена безбедноста на сите.
За нов термин за кога се презакажува, ќе бидете дополнително известени, велат од скијачкиот клуб Пелистер.