Стопанска банка а.д. Битола на уникатен начин го одбележува и честита 8 Март, Денот на жената. Со колаж од фотографии од жените вработени во банката, објавен на официјалниот Фејсбук и Инстраграм профил на СТББТ ја испраќа пораката за храброста, значењето и важноста на жената во денешниот свет.
Покрај ова, Стопанска банка а.д. Битола единствено во месецот на жената нуди и посебна промоција наменета само за жени. Почнувајќи од 01.03.2022 година до 31.03.2022 година, сите жени кои ќе аплицираат за некоја од кредитните картички во Стопанска банка а.д. Битола промотивно ќе ја добијат поволноста доживотно да бидат ослободени од годишна членарина за истите.
Оваа промоција се однесува на сите жени, постоечки или нови клиентки кои ги исполнуваат условите за добивање на нова кредитна картичка.