Press "Enter" to skip to content

Најтрофејниот спортист на Македонија во мотокрос трки, доби подарок мотор за новата сезона (фото+видео)

Брзината како стил на живот, a животот како во молскавичен сон. Таков е животот на најтрофејниот мотокрос натпреварувач во историјата на Македонија.Христиан Кико Илиоски. Вози од својата 7 година и има освоено над 200 пехари, 30 медали и две златни кациги, што значи дека во два наврати во континуитет од три години бил со шампионски титули. Тој е единствениот Македонец кој застанал на мотокрос стазите на европско првенство и оттаму се вратил трет. Се натпреварувал и на светско првенство во Мотокрос, пласирајќи се во првите 10.Христиан Илиоски Кико е шампион и легенда во исто време, но направил и на два пати, по три години пауза, затоа што немало кој да го поддржи. 6 години да се направи пауза за една блескава кариера е прилично, а да на станува збор за спортски повреди. Од март оваа 2022 година, позади Христиан застанува СН финансии инвестирајќи во мотор и пратечки профи опрема за неговите трки. Иницира и поширока акција помеѓу битолските компании за поддршка на овој врвен спортист:-Оние кои добро ме знаат добро знаат дека сите мои хоби се поврзани со брзина и авантура. Оние кои не ме знаат добро, пак добро знаат дека СН финансии е секогаш со спортистите кои се на врвот. И нивна природно место се пиедесталите. Така го запознав херојот на мотокрос стазите. Тоа е Христиан Кико Илиоски. Стилот на живот на Христијан е брзината и победите. И тука се пронајдовме со него, дополнително. Затоа што СН финансии се познати по брза и ефикасна услуга, но и по победи во она што го работиме, а тоа се бројките во финансиите. Затоа започнува и оваа наша соработка. Христиан ја добива целата наша поддршка како спортски амбасадор на компанијата која ја водам, истакна Никола Јошевски генерален директор на СН Финансии.Мотор КТМ 450 SXF и профи кацига се само прв дел во донацијата за овој спортист. Како и логистичка поддршка за сите негови настапи на натпреварите.

-Денес сум со трема како можеби пред најтешките трки. А имам и причина, ова е најголема донација која досега сум ја добил. Но и среќен, затоа што со овој мотор ќе го подобрам својот перформанс на патеките. Брзина и апдејтирана техника. Сезоната почнува за неполн месец и оваа донација доаѓа во вистинско време, истакна Христиан Илиоски Кико на церемонијата во Битола каде се означи почетокот на оваа соработката која според најавите ќе трае.

-Ја користам оваа прилика да изразам бескрајна благодарност за СН финансии кои на првата средба ги слушнаа нашите планови и уште на истиот состанок рекоа „Со вас сме!„ Така Кико тогаш експресно прво доби нова кацига, а потоа се нижеа идеи. Тие во овој проект настапија како пријатели, како најголема поддршка која можеби ние не ја добивме од вистинските пријатели и ќе ја оправдаме со врвни резултати, истакна менаџерот на овој врвен спортист Игор Ѓоргиоски.Уште значајна група на спонзори влегува во тимот за поддршка на Кико за новата сезона: ЈОСИФОВ автомобили, еден од најдобрите дилери на автомобили од групацијата Порше Македонија, ЈК травел ќе стои позади сите патувања на Илиоски, СН осигурителен брокер понуди осигурување за Христиан, но и за сите членови на Мото клуб Пелистер. А маркетинг Агенцијата Вебиарт ќе стои позади целата кампања на овој наш врвен спортист.