Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: групна тепачка во угостителски објект во Чаршијата, приведен битолчанец за напад на кичевчанка

Во СВР Битола е пријавено дека во угостителски објект во Старата чаршија во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад помеѓу четири лица на возраст од 25, 34, 29 и 22 години сите од Битола, од една страна и две лица на возраст од 30 и 29 години од село Вардино, демирхисарско, од друга. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Полициска станица Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода 34 годишник од Битола, бидејќи физички  нападнал 28 годишна жена од Кичево. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »