Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј со победа над Струмица во Битола во Купот (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Струмица Жени 3:2

(09:25; 13:25; 25:23; 27:25; 15:04)

Во рамките на 1/4 финалето од КУП на Македонија во Битола се одигра првиот натпревар Пелистер Волеј  ја изненади далеку поискусната екипа Струмица Жени, која во продолжението на сезоната доведе 3 супер силни засилувања и се наоѓа третото место на табелата.“Пелистерки“ овој натпревар го одиграа во фантастична атмосфера и повеќе од два часа игра, бодрени од публиката која не престана да верува до самиот крај и беше вистински ветер во нашиот грб, дури и кога катастрофално го отворија натпреварот со страшно лошо одиграни први два сета.

За оваа средба тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски рече:-Ваков пресврт од 0:2 до 3:2 одамна не сме виделе, дотолку повеќе што тоа е против една така моќна екипа. Долго време тренерите менуваа, речиси на сите позиции, затоа што беа незадоволни од играта на самиот почеток, кои сепак ги склопија коцките во прав момент и го извлекоа максимумот од сите играчи во секој сегмент од играта. Честитки до целата наша екипа, а голема, огромна благодарност до нашата верна публика која буквално направи пекол.Екипата која воглавно е составена од младинки и која токму вчера беше прогласена за најуспешна младинска екипа за минатата сезона во Битола, сосема го оправда она што и го заслужи.

Поените денес ги освоија: Ева Трпеновска 15, Ивана Белокозовска 14, Стефани Најдановска 12, Меланија Каралиоска 8, Ана Ивановиќ 7, Михаела Цветановска 4, Анастасија Ристевска 1 и Емилија Бицевска 1.

More from ВестиMore posts in Вести »