Во СВР Битола било пријавено дека на патот А3 Битола-Прилеп, патничко возило „опел“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 41 годишно лице од Демир Хисар удрило во животно и излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, а со телесни повреди 65 годишна жена и двете од Демир Хисар, констатирани во Клиничката болница во Битола. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.
Неофицијално сообраќајната незгода се случила над Баирот, откако “опелот“ удрил во коњ и излетал од патот во близина на тунелот од обиколницата над Битола.