Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер ќе игра во Ф4 од Купот, го победи Охрид во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Охрид 27:21 (14:11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 1.500
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски 

Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Мараш 2, Ојлески, Маркоски 2, Маџовски 1, Кукуловски, Мандалиниќ 8, Танкоски, Костески, Кукоски, Божиќ Павлетиќ 6, Граџан 4, Обрадовиќ, Табоада 4

Охрид: Брауновиќ, Ацев, Андоноски 2, Кривокапиќ 2, Костов, Николов 2, Шилегов 7, Ковачески, Шулески, Младеновиќ 2, Никола Ристески, Тасески 1, Грубор 1, Манасков 2, Ивановски 2, Николче Ристески.Вечерва во Битола се одигра последниот натпревар од 1/4 финалето од ракометниот куп, каде се сретнаа победниците од претпладневните натпревари Еурофарм Пелистер и Охрид, а битолскиот клуб се пласира во завршницата, Ф4, по убедливата победа над Охрид, победувајќи со 27:21, полувреме 14:11.Завршниот натпревар започна рамноправна од охриѓани имаа и неколкупати “реми“, по што на средината на првото полувреме следуваше и водство од +4 за Еурофарм Пелистер. До крајот на полувремето разликата во корист на “пелистерци“ се одржуваше, а на одмор се отиде со 14:11.Второто полувреме започна со -5 за Пелистер , а потоа за десетина минути и +7. Охриѓани се обидоа да направат нешто повеќе од пораз не успеаја, а со резултат 27:21 Пелистер се пласира во завршницата.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ со 8 и Божиќ Павлетиќ со 6 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »