Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј победија во Тетово

Универзитет Тетово – Пелистер Волеј 1:3

(25:17, 15:25, 21:25, 27:29)

Во рамките на Првара државна лига на Македонија, од втората фаза два, третото коло, одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола извојуваа голема и значајна победа против директниот конкурент за опстанок во лигата, екипа на Универзитет Тетово.  Одбојкарките и нивните тренери, иако за нив невоибичено, го коментира судењето, за кое велат дека вбило  лошо судење,сомнително во секој поглед.

Роберт Митковски за сидењето и победата вели:

-Да, победата е значајна, но најмалку требаше денес да зборуваме за судиите, туку за надигрување и надмудрување на двајца одлични тренери, на две екипи од кои која и да победеше, немаше да е незаслужено. Сепак ова е само мал чекор напред, а ситуацијата е сеуште комплицирана и треба да се одигра уште многу во само три натпревари.

По подолго време во екипата блесна Ева Трпеновска која освои фантастични, неверојатни 25 поени. Но најзначајна улога, во вистинските моменти, одигра младата Анастасија Ристевска, на која тренерот и даде шанса во клучни моменти, кога се кршеше резултатот, а таа во целост ја оправда довербата.

Поените денес ги освоија: Ева Трпеновска 25, Ана Ивановиќ 16, Ивана Белокозовска 15, Стефани Најдановска 8, Меланија Каралиоска 5, Анастасија Ристевска 4.

More from ВестиMore posts in Вести »