Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 2.635 тестови, а регистрирани се 277 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 20.
Регистрирани сe 132 оздравени пациенти од Битола се 14.
До сега во Битола има 14.444 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 126 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица, нема во Битола.
Направени се во Битола 81 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола-71 и преку “Плодност“ 10.
Досега во земјата се направени вкупно 1.920.186 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.293, бројот на оздравени пациенти е 289.978, на починати е 9.137, а бројот на активни случаи изнесува 2.178.






