Press "Enter" to skip to content

Трибина “Жените – 365 дена , можности, придобивки и предизвици“ во месецот на жената (фотогалерија)

Денес во “Порта Џез“ во Битола се одржа јавна трибина, насловена “Жените – 365 дена, можности, придобивки и предизвици“  во организација на Ротари клубот “Битола Широк Сокак“, Интеракт клуб “Битола Широк сокак” и средното општинско училиште – Гимназијата “Јосип Броз Тито” Битола.

-Причината за организирање на овој настан е месецот март – познат уште како месец на ЖЕНАТА. Целта на настанот е да се даде многу поширока димензија на улогата на жената денес, 365 дена во годината во секојдневниот живот, во заедницата, во бизнисот и на крајот во раководењето со големи меѓународни организации, влади, држави, рече модераторот на настанот Наташа Несторовска, член на Ротари клубот “Битола Широк Сокак“.  Краток осврт за тоа каква била улогата на жената во минатото и денес даде м-р Ивана Хаџиевска, млад историчар и независен истражувач и автор на книгата “Архиви на невидливите: жените во печатот во Вардарска Македонија помеѓу двете светски војни”.Разговорот со авторката го водеше Фатма Бајрам Аземовска – член на Ротари Клубот Битола Широк Сокак, која на крајот од своето обраќање се обрати до секоја жена која во својот живот поминала низ бројни невољи,  која сама ги растела своите деца, секоја една која била жртва на семејно насилство, која на женските деца им вели да бидат свои, слободни, независни!Бидејќи станува збор за настан кој е организиран од клубови кои припаѓаат на Ротари заедницата, свое видување за улогата на жената во Ротаријанството на меѓународно ниво даде Оливера Ѓерзовска Марковска – член на Ротари Клубот Битола Широк Сокак.-Денес бројот на жени членки на Ротари заедницата во целиот свет изнесува 277.000, што претставува 23% од вкупната бројка на членови на ова организација. Оваа бројка значи голрм напредок, имајќи во предвид дека од 1989 година е овозможено жени да членуваат во оваа организација, рече Ѓерзовска Марковска.Настанот го отвори ученичката од Гимназијата “Јосип Броз Тито” Битола, Маја Нешковска која го прочита својот есеј (Како е) да се биде жена – борец, која порача “Да се биде жена е гордост, но како е да се биде жена – хероина, гледаме секојдневно околу нас. На сите ним денес, во овој момент им се поклонуваме”.  На задоволство на присутните, членовите на Интеракт Клубот Битола Широк Сокак, ученици на Гимназијата Јосип Броз Тито искажаа факти за местото и улогата на жените во минатото и денес, а дел од учениците цртаа и преку цртежи го овековечија месецот Март – месецот на ЖЕНАТА.На крајот на настанот, модераторот Несторовска  сподели и дел од обраќањето на идната Претседателка на Rotary International, Jenifer Jones, првата Жена Претседател, која на прашањето Дали е среќна што е првата жена Претседател, одговори дека се радува и верува дека е избранна заради нејзините квалитети, а не заради родова рамноправнот, односно НЕ заради тоа што е ЖЕНА.Тоа е и последната порака која беше испратена од оваа јавна трибина, со која покажавме и докажавме дека улогата на жената 365 дена во година во сите сегменти од животот е реалност и вистина која треба да се испочитува.  

More from ВестиMore posts in Вести »