Press "Enter" to skip to content

Златко Ицановски осамен на врвот во “амерички пул билјард“, дисциплина 9-ка

На вториот мастерс од Национално првенство во “амерички пул билјард“, дисциплина 9-ка поради се поголемиот број на пријавени играчи сите турнири, а најмногу од Битола, вкупно се предвидува да се играат 7 кои ќе се одржат во најголемиот клуб од Македонија, “Гран клуб во Скопје.

На вториот мастерс имаше 32 играчи, а Битола се претстави со седум играчи со што повторно битолчани без најбројни, а исто така особено успешни.

Младиот Теодор Најденов од Битола го прикажа можеби најдобриот билјард на турнирот победувајќи ги на патот до полуфиналето и двајцата финалисти, но заморот го направи своето па не успеа да смогне сили и заслужено беше таму поразен од сограѓанинот Златко Ицановски – Пепел, исто така наш сограѓанин.

Со ваков зрел и студиозен пристап кон играта и осмислување на секој нареден потег можеме да бидеме сигурни дека во Теодот, Битола добива уште еден играч кој ќе цели високо.  Куриозитет за оваа и минатата година е тоа што на секој турнир има различен победник но кога игра Ицановски барем досега се знае кој е втор. Три настапи и три финалиња и не е лошо но губењето од помалку квалитетни играчи не треба да се повторува.

Со ова финале во генералниот пласман води Ицановски и неговата промоција во “А“ дивизијата ќе биде само формалност.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »