Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведели две лица за поседување марихуана, пријава за семејно насилство, сообраќајни контроли

На 16.03.2022 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слободадве лица на возраст од 23 и 21 година од Битола затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.03.2022 во СВР Битола, 33-годишна жена од битолско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг на возраст од 39 години . Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 50 возачи, од кои 14 на територија на Ресен, 5 на територија на Битола, 22 санкции на територијата на Прилеп, по 1 Македонски брод и Крушево и 7 санкции во Демир Хисар.

More from ВестиMore posts in Вести »